24sedum.net

24 седум вести портал

ЕЛЕКТРОНCКИ ЌЕ СЕ ЧИТА QR-KОДОТ НА KОBИД CЕРТИФИКАТИТЕ: Здравствените власти бараат да се засили контролата

Министерот за здравство, Венко Филипче нагласи дека ќе инсистираат да се засили контролата на ковид сертификатите, особено по укажувањата од страна на јавноста дека илјадници граѓани поседуваат лажни, односно фалсификувани сертификати.

-Бараме да се ажурура процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, од страна на сите инспекторати и Министерството за внатрешни работи. Имаме електронски алатки, не се само хартиените сертификати. Европските сертификати може да се симнат на мобилните телефони.

Има апликација којашто го прикажува вистинскиот QR код и има апликација која ја контролира неговата валидност. Ова значи дека се елиминира можноста да имаме фалсификувани сертификати. Тие две апликации се MK Wallet и MK Verifier кои ги има и на Google Play и на Apple. Ова е мерка со којашто очекуваме значајно да се зголеми опфатот со вакцинацијата, изјави министерот Филипче.

По оној мини пик кој го имавмe во претходниот период, како што рече Филипче, сега ситуацијата е малку спласната, но неопходноста од вакви мерки е огромна.

-Пред нас е зимски период, сезона на грипови, настинки…има пациенти кои заболуваат и од други сериозни болести. Мора да мислиме и на нив, не може да се занимаваме само на ковид и да отвараме само ковид центри. Болниците мора да работат и за другите пациенти со други болести.

Затоа сметам дека опфатот на вакцинација ќе се зголеми со ваквата мерка, дека ќе се намали бројот на заразените, бидејќи во овој момент ковид болниците ги опотоваруваат невакцинираните пациенти во најголем процент, близу 80 отсто, истакна министерот за здравство.

извор: faktor.mk