24sedum.net

24 седум вести портал

Стефан Богоев откри дали би сакал да го наследи Зоран Заев (Видео)

Во моментов не. Тоа кај вас во телевизија излезе. Не би лицитирал со имиња за најсериозен кандидат, приоритет во моментов за СДСМ е стабилизација на мнозинството и продолжување на евроинтеграциски процеси, здравствениот систем односно можниот 5-ти бран на коронавирус, како и справување со енергетската криза.

Мислам дека сега е рано за такви работи. Јас не би лицитирал со имиња. Верувајте и вие, и гледачите, ќе се изнаслушаме се и сешто во периодот кој што претстои. Верувам дека ќе слушаме и заевисти и бранковисти. Тоа е нормално. Јас сум горд и сум многу среќен што во мојата партија, прв пат се бира лидер на тајно гласање со право на глас на сите членови. Минатиот пат имаше еден кандидат. Но факт е дека секој член има право на глас, тоа е нешто кое што секој социјалдемократ треба да се гордее. Со душа го чекам денот кога такво нешто ќе видиме во ВМРО-ДПМНЕ, вели тој.

Богоев вели дека Бишевац беше и пратеник. Верувам дека се сеќава многу добро. Во оваа држава мајстори за пазарење и контролирање на пратеници се токму ВМРО-ДПМНЕ. Потпишуваа меници. Нафрлувам еве сега една работа, вие како медиум можете да ја истражите. Јас имам инфо дека во некои скопски општини дека советници на ВМРО-ДПМНЕ потпишуваат меници како што порано правеа пратеници. Сега најверојатно тоа е за ДУП во општините. Сега деновиве се изнаслушавме за киднапиран пратеник, за да после тоа тој сам излезе и ги демантира овие наводи. Кога зборуваме за киднапирање на пратеници, тогаш тоа е киднапирање што го правеше ВМРО-ДПМНЕ, смета Богоев.