24sedum.net

24 седум вести портал

ТЕПАЧKA ВО KAРПОШ Двajца мажи, четири жени и две деца му се нафрлиле на 41-годишен скопјанец

Пред трговски центар на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.С.(30), А.С.(35), женските лица И.З.(55), М.Ќ.(41), С.М., Л.Д.(55) и две малолетнички, од една страна, и Б.Х.(41) од друга страна, сите од Скопје, соопшти МВР.

Вчера во 06.30 часот се случила тепачка пред трговски центар во Општина Карпош, а во тепачката учествувале двајца мажи, четири жени и две деца од едната страна и 41-годишен маж од другата страна, информираше Минситерството за внатрешни работи (МВР).

„На 16.11.2021 во 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред трговски центар на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.С.(30), А.С.(35), женските лица И.З.(55), М.Ќ.(41), С.М., Л.Д.(55) и две малолетнички, од една страна, и Б.Х.(41) од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, наведено е во полицискиот билтен.