
Тортевски на Твитер: Браво за МВР, сега ќе биде дека во ГТЦ се сервисирале флипери
24 часа во денот, 7 дена во неделата – информирај се преку 24sedum.net
Александар Тортевски на својот Твитер профил ги коментираше синоќашните настани во Градскиот трговски центар каде беше открено копање на криптовалути. Кратко по откривањето, МВР дојде на местот ан настанот, но не утврди никакво прекршување на законот, по што полициските службеници си заминаа.
Неколку часа подоцна, магацинскиот простор беше испразнет, а компјутерската опрема со комбиња беше дислоцирана.
„Браво за МВР, успеале да овозможат да се уништат доказите во ГТЦ па сега ќе биде дека таму се сервисирале флипери. Мислам дека веќе не постои доказ колку струја влечеле во тој простор.“, коментира Тортевски
Браво за МВР, успеале да овозможат да се уништат доказите во ГТЦ па сега ќе биде дека таму се сервисирале флипери. Мислам дека веќе не постои доказ колку струја влечеле во тој простор.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) November 17, 2021
Објавата можете да ја прочитате ТУКА