24sedum.net

24 седум вести портал

НЕ МОРА ДА СЕ ВAKЦИНИРАТЕ, АМА СЕКОЈА НЕДЕЛА ЌЕ ПРАВИТЕ ПЦР-ТЕСТ Новите предлог-мерки ќе се разгледуваат на владина седница во вторник

Граѓаните имаат право да не се вакцинираат, но ќе треба еднаш неделно да прават тест на сопствен трошок и на тој начин да докажат дека се негативни на ковид-19, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат.

На забелешката од генералниот секретар на УПОЗ дека според ОН антиковд вакцината не е задолжителна, министерот рече дека во земјава не е воведена мерка за присилна вакцинација.

Не е точно дека ова е присилна вакцинација. Граѓаните имаат апсолутно право да не се вакцинираат, но ќе мораат еднаш неделно да прават ПЦР тест на сопствен трошок и на тој начин да докажат дека се негативни на коронавирусот. На тој начин знаеме дека здравјето на сите околу не е загрозено – изјави Филипче.

Тој истакна дека предлог-мерката за задолжителна вакцинација или негативен ПЦР тест за вработените во јавниот сектор уште во вторник ќе се најде на владина седница.

– Во понеделник е закажан состанок на главниот координативен кризен штаб, каде што првично се разгледуваат предлозите од Министерството за здравство, а кои доаѓаат преку Комисијата за заразни болести. Во вторник ќе се најде предлог-мерката на владината седница – истакна министерот