24sedum.net

24 седум вести портал

СТЕФАН БОГОЕВ НА МЕСТОТО НА ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ? Нов лидер и нов генсек ќе има СДСМ

Актуелниот генсек на СДСМ, Љупчо Николовски, за ТВ24 потврди дека кога ќе се ефектуира оставката на претседателот Зоран Заев, тој ќе замине од функцијата во партијата.

Плусинфо неофицијално дознава дека Стефан Богоев, сега веќе поранешен градоначалник на скопската Oпштина Карпош, ќе го наследи Љупчо Николовски на позицијата генерален секретар на СДСМ.

Николовски за ТВ24 потврди дека кога ќе се ефектуира оставката на претседателот Зоран Заев, тој ќе замине од функцијата во партијата.

– Кога претседателот ќе даде оставка, целото раководството е во оставка и тоа не е најважно. Најважно во моментов е демократското мнозинство во парламентот и да не се вратиме во времето на страв и на реваншизам, против кое се боревме – изјави Николовски.