24sedum.net

24 седум вести портал

Што ќе се случи ако не се туширате два дена?

За многумина туширањето е дневна рутина, но тоа не значи дека треба секој ден да се туширате. Но што се случува со организмот ако поминете два дена без бањање?

Според истражувања, бактериите играат голема улога во ова. Луѓето носат околу 1.000 типови бактерии со нив, вклучувајќи 40 типови на габични, од кои повеќето се добри за нас. Но за да не се развијат лоши бактерии, треба да се бањаме и да се „бориме“ против нив, со помош на сапуните и геловите за туширање.

Овие бактерии може лесно да го најдат патот до вашите очи, уши, уста и да ве разболат.

Исто така, бактериите се виновни лошите телесни мизирби – гасовите од бактериите може да предизвикаат 30 различни лоши миризби на телото.

Ако сте испотени од вежбање и слично, особено е важно најбрзо што можете да се истуширате за да спречите таложење на масла и солена пот на порите – што потенцијало предизвикува исфрлања и црвенила на кожата.

Сепак, љубителите на долги „киснења“ во бања треба да знаат дека долгото време во вода е штетно за вашата кожа бидејќи ги отстранува сите масти од кожата и ја суши прекумерно.