24sedum.net

24 седум вести портал

ЖЕНА КОЈА СЕ ОЖЕНИ САМА СО СЕБЕ, СЕГА СЕ РАЗВЕДУВА

Не постои ништо погрешно во тоа да се разведете од некој со кој повеќе не ви оди од рака, но што ако сте личноста од која треба да се разведете токму вие?

33-годишната Бразилка Крис Галер во септември одлучила да застане на лудиот камен и да се венча сама со себе. Претходно Крис спомнувала дека се изморила од мажите и дека е најсреќна сама со себе.

Говорејќи за својот брак, Крис изјавила дека била среќна додека траело. Одлучила сега да се разведе бидејќи го пронашла “оној вистинскиот”.

 

“Секогаш се плашев дека ќе останам сама, но со текот на времето сфатив дека имам многу да научам за себе и да се прифатам”.

“Вистина . Одлучив да се венчам сама со себе. Ја славам љубовта кон самата себе и сакам да им бидам инспирација на жените за да си ја зголемат самодовербата”, напишала манекенката под фотографијата.

Иако таа блескала на својот најсреќен ден, во коментарите добивала и навреди.