24sedum.net

24 седум вести портал

Предупредување: Бегајте од овие 5 знаци кога ќе се налутат, затоа што тие се како темпирани бомби!

Хороскопот, кој добро го чита човечкиот карактер, ве предупредува да се чувате од овие знаци затоа што тие се како темпирани бомби кои кога ќе се налутат, рушат сѐ пред себе. На некои им треба многу за да се налутат, а некои „пукаат“ и поради најмалите ситници, но сите имаат едно нешто заедничко – кога ќе се налутат, треба да им се тргнете од патот.

Овен

Кога Овенот ќе се налути, тој експлодира уште истата секунда и воопшто не внимава како неговото однесување влијае врз околината. Вика, вриска и тешко на оној што ќе му падне во око – без разлика дали личноста ја предизвикала нивната лутина или е само обична колатерална штета. Она што е најважно е таа личност потполно да го игнорира и никако да не додава масло на огнот. Само така Овенот најбрзо ќе се врати во нормала. Брзо се лади и потоа му е многу жал поради неговото однесување, па се извинува, но тоа не значи дека ако повторно го налутите дека нема сѐ да крене во воздух.

Бик

Ако ви се налути Бик, прво тоа ќе проба да ви го каже на суптилен начин – ќе се оддалечи и ќе стане ладен, а ако види дека вие не реагирате, ќе се трансформира во вулкан и својата лава ќе ја истури врз вас. Тоа е вид бес кој брише сѐ пред себе, затоа што кога ќе го фати лутината, крши и фрла сѐ што ќе му се најде при рака – па затоа е најдобро да пробате да се спасите додека сѐ уште можете. Ако веќе немате таква среќа, повторувајте си во себе дека ќе му помине и дека ќе смири.

Близнаци

Кога Близнакот ќе се налути, најдобра идеја е да си набавите тампони за уши или да пуштите гласна музика затоа што од нивната уста ќе почнат да течат секакви зборови. Вика, вреска, станува саркастичен, а знае и да навреди. Меѓутоа, поради својата дволична природа, голем дел од лутината ја изразува и на поинаков начин – станува ладнокрвен, но поради само една негова реченица ќе зажалите што сте се родиле. Никогаш, повторуваме, никогаш не му кажувајте како да го живее неговиот живот затоа што ќе станете секојдневна жртва на неговото малтретирање.

Лав

Сосема очекувано, како крал на сите животни, Лавот кога е лут рика како да е во шума. Овде не станува збор за обичен бес, туку цело невреме, а колку е погласен и колку повеќе вика –толку тој подобро се чувствува. За него е карактеристично многу да навредува, затоа што во тој момент, нему му е грижа само за неговите чувства, а не за ефектот што неговите зборови го имаат врз другата личност. Иако нема проблем да прости ако некој го навреди, сепак егото и гордоста не му дозволуваат затоа што му е сосема јасно дека некој му згрешил.

Скорпија

На Скорпијата ѝ е потребно многу за да се налути, но ако успеете во тоа, тргајте се од нејзиниот пат затоа што таа ќе ви ги испржи кожата и мозокот со својот отровен јазик. Станува саркастична и брутална кон личноста која ја разбеснила. Таа воопшто не е од оние кои опростуваат и забораваат, туку психички ќе го малтретира оној кој ѝ згрешил. Нема да запре додека не направи емоционален пустош и вистинска човечка урнатина.