24sedum.net

24 седум вести портал

Потресна исповед на девојка која е алергична на вода (ФОТО)

Теса Хансен Смит, студентка од Калифорнија, е алергична на вода и добива исип и треска секогаш кога плаче, се тушира или се поти!

Оваа млада девојка боледува од водена уртикарија, ретка состојба која погодува околу 100 луѓе во светот.

Покрај горенаведените симптоми, чувствува мачнина по контакт со вода, но добива и напади на мигрена. Нејзината состојба ја спречува да се занимава со спорт.

Таа се тушира само два пати месечно, а самото консумирање вода и создава тешкотии.

Теса открива дека најпрво се посомневала дека има алергија на сапун или шампон.

Теса истакнува дека нејзината алергија на вода во голема мера се одразила на нејзиното ментално здравје и дека ѝ е тешко да зема големо количество лекови, знаејќи дека сепак засекогаш ќе биде болна.

– Порано пиев по 12 таблети дневно, сега девет – вели оваа девојка.

Сепак, оваа храбра девојка вели дека се труди да не го контролира својот живот и дека планира да се осамостои и да се запише на факултет во родниот град.