
Сите служби се на терен: Јутјуберот Даниел се заканува дека ќе скокне од тераса- драма во Нови Сад (ВИДЕО)
Основачот на Дневњаk и јутjубер Даниел Ѓукиќ, кој утрово се забapикадираше во стан во Нови Сад, одвреме-навреме се појавува на терасата од неговиот дом, а yлицата каде што се одвива драмата е блоkирана со часови, јавуваат српските медиуми.
Улицата Цар Душан е затворена веќе неколку часа, а Ѓукиќ се уште се заканува дека ќе скокне од терасата. Засега не се познати мотивите поради кои се одлучиле на овој чекор.
Инаку, тој снима се што се случува пред неговиот стан. Тој ја снимал и полицијата како тропа на неговата врата. Истовремено им дофрла на пожарникарите од терасата, пее и им вели „што стоите тука кога нема ниту оган, ниту пожар“.
— Car Šćepan Mali (@ScepanCar) December 19, 2021
Сите можни служби се на терен – полиција, брза помош, пожарникари. На лице место се и преговарачи, пренесува Нова.рс.
Инаку, Даниел Ѓукиќ Дулувра е познат како еден од основачите на хумористичната серија „Дневњак“.