24sedum.net

24 седум вести портал

По грешка фрлил 22.000 евра во контејнер,додека се освестил било предоцна

Египетски државјанин кој живее во Кувајт фрлил 8.000 кувајтски динари (околу 22.000 евра) во ѓубре поради небрежност, пишува Ал Калеј, дневен весник од Обединетите Арапски Емирати.

Откако подигнал пари од банка, човек чиј идентитет не бил откриен ги ставил во голема пластична кеса во градот Џабрија во западен Кувајт.

Кога излегол од својот дом да го извади ѓубрето, Египќанецот се збунил, па наместо кесата за ѓубре, тој ја зграпчил кесата со банкноти.

Забуната ја открил кога отишол да ги провери парите. Залудно трчал по улицата каде што, за негово жалење, можел само да утврди дека камионот на комуналците веќе ги испразниле кантите.

Според кувајтскиот весник „Ал-Раи“, несреќниот Египќанец се обратил до локалните власти за помош и им покажал потврда од банката за подигнати пари.

Локалната полиција ја презела истрагата, но шансите да ги пронајде изгубените пари ги сметаат за мали.