24sedum.net

24 седум вести портал

За подобар сон овие ТРИКОВИ треба сите да ги знаете, им помогнале на многумина

Несоницата најчесто се дефинира како тешкотии со спиењето на едно лице. Додека овој термин понекогаш се користи во литературата за спиење за да се опише нарушување проследено со повеќе забележани докази на нарушено спиење, несоницата често се дефинира како позитивен одговор на кое било од овие две прашања: Дали имаш тешкотии во спиењето? И дали ви е тешко да заспиете или да останете заспани? Или да го одржите сонот?.

Значи, за несоницата се смета дека и знак и симптом кој придружува неколку нарушувања во спиењето, здравствени и психички нарушувања, окарактеризирани со подолга тешкотија при заспивање и/или одржување на сонот или неквалитетно спиење. Несоницата често е придружена со нарушувања во функционирањето за време на будната состојба.

Една од дефинициите за несоница е “тешкотија при заспивање или одржување на спиењето, или неможност пак да се заспие, придружено со нарушувања во дневното функционирање или забележана исцрпеност во текот на повеќе од еден месец“.

Добриот сон и добро проспиената ноќ се неопходни за секој човек. Но, во денешниот модерен и брз начин на живеење, секојдневните проблеми што не опкружуваат ни попречуваат да се наспиеме и да го добиеме заслужениот одмор.

Затоа, служете се со едноставни трикови со кои сонот сигурно полесно и побрзо ќе ви дојде на очи.

Користете превез за очи

Станува збор за памучна маска или превез кој се става на очите во моментот кога легнувате во креветот. Со помош на превезот, секоја дури и случајна светлина што влегува во вашата спална соба нема да ви пречи.

Користете тампони за уши

Евтини се и можете да ги најдете речиси во секоја аптека. Без разлика дали сте први кои легнувате во семејството, имате гласни соседи или пак вашиот партнер ‘рчи, тампоните за уши ќе ви дадат чувство на тишина и спокој.

Избегнувајте да јадете барем еден час пред легнувањето

Ова секако ќе помогне и за вашата линија, но важно е и за вашиот сон. Без разлика дали јадете обилна вечера или само овошје, ако јадете непосредно пред легнувањето, вашето тело ќе мора да се сконцентрира кон варењето на храната, наместо кон заспивање и одморање.

Внимателно изберете ја постелнината

Постелата нека биде во некоја нежна боја, наместо шарена или флуросцентна. Вашата спална соба треба да биде синоним за одмор и релаксација, исто како и вашиот кревет.

Размислувајте за нешто убаво

Во моментот кога ќе легнете, размислувајте за вашите желби, планови, фантазии. Не е важно дали е реално и изводливо или не, важно е да изнудува насмевка на вашето лице и чувство на среќа. Со среќни и убави мисли најлесно се доаѓа до сон.