24sedum.net

24 седум вести портал

Дали знаете зошто во супермаркетите нема прозорци?

Многумина веројатно никогаш не се запрашале зошто во повеќето супермаркети нема прозорци, а не обврнуваат внимание ниту на музиката која ја пуштаат. Сигурно не сте го забележале ниту подот и не сте се запрашале зошто е таков.

Во продолжение прочитајте како трговците манипулираат со купувачите.

Зошто нема прозорци во супермаркетите?

Во супермаркетите нема прозорци ниту часовници за да купувачите изгубат поим за времето и да се задржат што подолго време. Повеќето купувачи минуваат подолго време од планираното и ги купуваат и оние работи коишто не им се толку потребни.

Никој трговец не би сакал погледот низ прозорец да го потсетува купувачот колку време е внатре, бидејќи целта им е да купат што повеќе производи.

Има и други причини зошто нема прозорци – сончевата светлина може да ја избледи амбалажата и тогаш производите не изгледаат толку привлечно.

Положбата на производите

Скапите производи секогаш се поставени во висина на очите. Производите на попуст се наоѓаат на дното, а брендираните артикли исто така се во висина на очите.

Музика

Кога маркетите се полни со луѓе, се пушта енергична и брза музика. Според некои истражувања, купувачите трошат повеќе пари кога има тивка и смирувачка музика бидејќи така ќе поминат повеќе време во маркетот.