24sedum.net

24 седум вести портал

Крени рачна, да не те боли глава подоцна

Некои возачи на автомобили со класична механичка рачна сопирачка немаат навика да ја влечат рачката секогаш кога го паркираат возилото. Особено кога е паркирано на рамна површина.

Во вакви случаи сметаат дека е доволно да се „стави менувачот во брзина“, што воопшто не се препорачува. Имено, доколку немате навика прво да кревате рачна при паркирање, може да се случи рачката на менувачот да ја оставите во мирување набрзина или поради невнимание. А ако улицата е дури и со минимална падина (за што не можете да процените со голо око), тоа е рецепт за катастрофа.

Токму тоа му се случи на еден Британец, кој на крајот мораше со голи раце да го запре неговиот Seat кој почна неконтролирано да се тркала по удолницата. На крајот со висок ризик од повреда успеа да спречи судир со други паркирани возила на улицата.

На видеото може да се види како возачот го напушта автомобилот, за во еден момент да сфати дека ниту го оставил возилото во брзина, ниту ја повлекол рачната сопирачка.

Возачот потоа трча назад кон автомобилот со идеја да го успори или да го запре. За среќа доби мала помош, најверојатно од „лежечки полицаец“ или граничен чувар на патот, а потоа успеал прво да го забави и на крајот целосно да го спречи. Друго лице му доаѓа на помош и седнува на возачкото седиште и ја влече рачната.

И покрај тоа што инцидентот заврши без повредени, треба да се каже дека не е најдобра идеја да се застане меѓу два автомобили кога е очигледно дека едниот ќе удри во другиот.

Зашто, подобро е да се плати материјална штета, отколку да биде прегазен од сопствено невнимание, што лесно можеше да се случи овде. На крајот се заврши среќно, а подвигот на овој човек беше доста импресивен.