24sedum.net

24 седум вести портал

Шест сигурни знаци дека некој ве лаже

Психологот Џорџина Барнет наведува шест основни показатели кои можат да ви помогнат како да сфатите дека партнерот ве лаже.

Таа потенцира на што треба да обрнете внимание:

1. Купување време
Содржината на разговорот може да биде показател дека партнерот ве лаже.

„Ако луѓето лажат, често мораат да купат време бидејќи лажењето многу повеќе го оптоварува мозокот отколку зборувањето вистина. Затоа лажговците често имаат кратки паузи, користат зборови како „хм“ и „знаеш“ бидејќи им е потребно дополнително време за да ја конструираат својата приказна“, вели Барнет.

2. Прочистување на грлото при зборување
Таа напомнува дека проголтувањето и прочистувањето на грлото е уште еден знак.

„Телефонот е комуникациски алат во реално време, за разлика од електронската пошта или СМС пораките, така што лажговците имаат помалку време за градење на нивните одговори. Тоа ги става под притисок и секој притисок физички се манифестира во телото“, објаснува Барнет.

3. Долги разговори
Лажговците погрешно мислат дека подолгиот, раздолжен одговор е поуверлив, но всушност вистинитите одговори обично се директни и кратки.

4. Повисок тон
Лажгото мора да користи повисок, нагласен тон за да го увери соговорникот дека ја „зборува вистината“.

„Кога некој лаже, земете во обѕир, дека премногу компензира со јазикот и објаснувањето во очајнички обид да ве увери во својата приказна. Колку повеќе лажгото верува дека не му веруваат, толку е поодлучен“, вели психологот.

5.Нејасен говор
„Искреноста обично создава директни и едноставни изјави, но лажгото мора да се заштити во случај да биде разоткриен и поради тоа се заштитува со нејасни изјави од типот „можеби“, „можно е“ или „веројатно“, вели Барнет.

6. Претерано се труди да докаже дека е чесен
Ова исто така би требало да биде причина за загриженост.

„Кога повремено се потенцира искреноста, тоа може да биде вистинит показател, но ако постојано се нагласува тогаш се поставува прашањето зошто претерано се истакнува поентата. Оваа метода е особено загрижувачка ако воопшто не сте го ни обвиниле соговорникот дека лаже“, заклучува психологот.