24sedum.net

24 седум вести портал

Ковачевски на Фејсбук: Обезбеден е гас од Србија за училиштата и болниците

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на Фејсбук соопшти дека е обезбеден гас од Србија за училиштата и болниците, без да наведе за колкави количини станува збор.

Како што пишува Ковачевски, по интензивна комуникација со српската премиерка Ана Брнабиќ, официјален Белград реши да ја изземе Македонија од забраната за извоз на природен гас.

 

„Преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на „Отворен Балкан“, но и партнерскиот однос, во време на енергетска криза обезбедуваме поддршка онаму каде најмногу треба

 

– компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Минатата недела, Србија забрани извоз на гас.

Привремената мерка беше воведена со важност до крајот на месецот за да се обезбеди сигурно снабдување на српскиот пазар и да се спречи можна штета по економијата и граѓаните