24sedum.net

24 седум вести портал

(ВИДЕО) Едно загушено лице префрлено со возило на Итната медицинска помош – детали за пожарот во Штип

Едно лице кое се загушило од чадот е префрлено со возило на Итната медицинска помош, соопшти Центарот за управување со кризи.

Оттаму соопштуваат дека пожарот избувнал на третиот ката од зграда на улицата Широк дол.

-Според најновите информации добиени од РЦУК Штип во гаснењето на пожарот на зграда на ул.Широк Дол бр.5 е вклучена и нова смена на пожарникери од ТППЕ Штип каде што во моментот на местото на пожарот интервенираат 14 пожарникари со 4 ПП возила. Пожарот на двата стана е на трети кат.

Поради чадот дошлоо до гушење на едно лице на кое не се забележуваат видливи поврди истото е превземено од Брзата помош и му е дадена кислородна подршка и е надвор од животна опасност, соопшти ЦУК.