24sedum.net

24 седум вести портал

Ако сте левучар, денес е вашиот ден – само 10% од популацијата ја имаат оваа особина

Меѓународниот ден на левучарите се одбележува на 13 август со цел ширум светот да се разбуди свеста за предностите и недостатоците на таа особина. Некогаш многу левучари биле дискриминирани бидејќи уште од мали нозе ги учеле да пишуваат со десна рака.

Истражувањето кое опфатило повеќе од 2.300.000 луѓе покажува дека 10% од популацијата се левучари.

Се смета дека таа бројка е многу поголема, особено поради тоа што многумина од нив станале десничари. Левучарот е најчесто наследна особина. Кај родители кои пишуваат со десна рака шансите детето да биде левучар се само 2%, веќе кога еден родител е левучар шансите растат на 17%, а кога и двајцата родители се левучари тогаш процентот е зголемен на 50.

На листата познати имиња кои пишувале со лева рака се Александар Македонски, Карло Велики, Фидел Кастро, Хенри Фрд, Џими Хендрикс, Сергеј Рахмањинов, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Алберт Ајнштајн, Исак Њутон, Моцарт, Ниче, Гете, Аристотел, Кафка, Бил Гејтс, Барак Обама, Опра Винфри, Курт Кобејн.

Инаку и животните можат да бидат левучари. Често се служат со левата шепа или нога. Оваа особина е забележана кај кенгурите и 90% од папагалите. Прерано родените бебиња често се левучари отколку десничари. Многумина тврдат дека токму тие луѓе се подобри во мултитаскинг, а се смета и дека се покреативни. Имаат висок степен на интелигенција, подобро се снаоѓаат во спортските активност, подобро памтат и имаат побрзо опоравување после мозочен удар.