24sedum.net

24 седум вести портал

Австрија го укинува заклучувањето за неваkцинираните во текот на празниците

Австриската влада одлучи да го укине заклучувањето за невакцинираните граѓани за време на божикните и новогодишните празници.

Во празничниот период ќе бидат дозволени собири до десет лица без 2Г сертификат, изјави министерот за здравство, Волфганг Микштајн.

Правилото 2Г останува да важи за собири со најмногу 25 лица, односно таму може да присуствуваат само вакцинирани или лица кој прележале Ковид-19, рече тој на прес-конференцијата.

Доктор Мартин Георгиев: Треба да ги исчистите крвните садови ако планирате да живеете долго!
За Нова Година ќе се укине ограничувањето на работното време во угостителските објекти.

Микштајн рече дека општото заклучување обезбедило простор што овозможува отворање и за невакцинираните.

Затоа, кажа тој, ќе има одредено отклучување за празниците.

Сепак, Микштајн предупредува дека треба да се внимава поради ширењето на омикрон.

„Божик треба да покаже колку ни е важен контактот со најблиските. За време на Божик треба да собереме сили и да се подготвиме за следните недели“, рече министерот, порачувајќи дека тие денови нема да има ограничувања на слободата на движење.

Микштајн најави построги правила за влез во земјата, особено од Велика Британија и рече дека се работи на соодветната регулатива.

Австриското МВР и безбедносните органи, пак, најавија дека очекуваат натамошна радикализација на протестите против епидемиолошките мерки, поради што гледаат закана за медиумските работници и здравствениот персонал.