24sedum.net

24 седум вести портал

Беса Транс демантира: Автобусот на ниту еден начин немал багаж за шверц на бензин, нафта или приотрхничkи средства

Компанијата „Беса транс“ демантира дека со возилото се шверцувaaо гориво или пиротехничkи средства.

Во jaвна објава, тие објаснуваат дека во него немало ниту резервно гориво.

„Како агенција ја известуваме целата јавност, семејствата на загинатите и повредените во трагичниот случај, дека автобусот на ниту еден начин немал багаж за шверц на бензин, нафта или пиротехнички средства, сите овие шпекулации служат за злонамерни цели обидувајќи се одредени страни да преземат предност на трагедијата,

вкупниот капацитет на автобусот бил 450-500 литри дизел за користење на самиот автобус, а во никој случај немало резерва за шверцерски цели, уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ја користат оваа дезинформација за уште повеќе да ги повредуваат членовите на семејството, но и станува пречка за истражниот процес кој и официјално беше објавен, најдеталните детали ги очекуваме од истражниот процес“, велат од таму