24sedum.net

24 седум вести портал

БИТИЌИ: ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА И ПО 1 ЈАНУАРИ ЌЕ БИДЕ НАЈНИСКА ВО РЕГИОНОТ

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи гарантира дека цената на електричната енергија по 1 јануари нема драстично да се зголеми и порачува дека и тогаш ќе биде најниска во регионот.

Уверува дека владата се обидува да наоѓа системски решенија за електричната енергија со намалувањето на ддв-то за струјата и со интервенцијата во ЕСМ преку обезбедување 65 милиони евра.

Најави дека од јануари за блиску 45.000 граѓани ќе се обезбеди пакет за енергетика за да се ублажи евентуалното покачување на цената.