24sedum.net

24 седум вести портал

Боки 13 претепан во „Идризово“, со Брза Помош однесен во болница

Три лица го претепале Боки 13 во дворот на затворот „Идризово“, објави А1он.

Со повреди во пределот на главата, рацете, но и во абдоменот каде веќе имаше здравствени проблеми, бил пренесен и задржан на лекување во болница.

 

 

„Вчера околу 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје.

 

Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна,

 

Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.