
Бугарија ќе ни донира 51.480 вакцини “Фајзер”, рокот им истекува на 30 септември
Народното собрание на Бугарија со 146 гласови „за“ го ратификуваше договорот за донирање 51.480 дози на вакцина „Фајзер“ на Македонија со рок на траење до 30 септември 2021 година и вредат 800.000 евра.




Министерот за здравство Стојчо Кацаров посочи дека „Фајзер“ не дозволува продавање или донирање вакцини без ратификација од Народното собрание и апелираше до пратениците побргу да го сторат тоа за да не пропадне донацијата.




Ова е прва донација на вакцини за Македонија. Требаше да се изврши во јуни, но поради наметнатите процедури во тоа не се успеа.




– Сега сум многу благодарен на Народното собрание што ги прекина игрите, рече Кацаров.