
ЦРНИОТ БИЛАНС НЕ ЗАПИРА 32 жртви на koвид-19, меѓу нив и 33-годишен штипјанец
Во последните 24 часа се направени 6.425 тестирањe, а регистрирани се 682 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.




Во Скопје има 317 нови случаи, во Куманово 51, Тетово 49, Битола 31, Кичево 30, Кавадарци 22, Гостивар 19, Струмица 18, Ресен 15, Прилеп 13, Охрид и Струга по 11, Делчево 10, Пробиштип и Валандово по 8, Радовиш, Крива Паланка и Кратово по 7, Штип и Дебар по 6, Велес, Неготино, Свети Николе и Берово по 5, Кочани и Гевгелија по 4, Виница и Демир Хисар по 2 и по еден новозаразен во Богданци, Пехчево, Македонска Каменица и во Дојран.
Пријавени се 32 починати лица: 9 починати лица од Скопје (88г, 78г, 71г, 69г, 68г, 66г, 61г, 53г и 42г), 4 починати лица од Куманово (84г, 70г, 63г, 58г), по 3 починати лица од Гостивар (71г, 71г и 41г) и Тетово (88г, 82г и 82г), по 2 починати лица од Велес (80г и 72г), Свети Николе (73г и 53г) и Штип (56г и 33г) и по едно починато лице од Кичево (75г), Охрид (62г), Струга (80г), Дебар (83г), Струмица (70г), Прилеп (65г)
и Македонски Брод (61г). Од пријавените 28 се починати во болнички услови и четворица се починати во домашни услови.




Регистрирани сe 1.031 оздравени пациенти.
Направени се 6.425 тестови преку: ИЈЗ-313, ЦЈЗ Скопје-85, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–119, ЦЈЗ Куманово–69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 17, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–30, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Авицена-432, Биотек-438, Систина-171, лабораторија Лаор-337, Синлаб-120, Ремедика-22, Плодност–110, Генеа -11, Никоб лаб-772, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-106, Ројал Медика –128, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.798.
Досега во земјата се направени вкупно 1.197.339 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, бројката на оздравени пациенти е 160.396, на починати е 6.129, а бројот на активни случаи изнесува 14.394.