
ДАНЕЛА САКА ДА ГИ ИЗРАДУВА СКОПЈАНИ Градскиот паpкинг ќе поевтини за 25 отсто?
Градскиот паркинг во Скопје ќе поевтини за 25 отсто, најави градоначалничката Данела Арсовска, пишува ПЛУСИНФО
Таа вели дека за намалување на цената на паркинг е испратено барање и е почната процедурата, за што се чека одлука од управниот одбор на јавно претпријатие Градски паркинг, со која што ќе прифати да ги намали цените за паркингот.
Откако Градски паркинг ќе го прифати предлогот, конечната одлука ќе ја донесе Советот на Град Скопје.
Инаку, првиот човек на градот зборуваше и за најавениот бесплатен превоз во Скопје. Бесплатниот јавен превоз во Скопје ќе се воведе етапно, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во
емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Првата фаза веќе е отпочната, а таа е ревидирање и оптиминизирање внатре во процесот, рече таа и додаде:
– За пензионерите во секој случај е неопходно да се врати бесплатниот превоз, којшто го имаа претходно. Тоа е нешто кое што навистина е во нивен интерес и мислам дека заслужиле и како категорија на граѓани заслужуваат да имаат бесплатен јавен превоз. Понатаму да се изедначат категориите, ги видовме дека ги има според мене. Тоа е едно воведување на еднаквост не само за студентите и средношколците, туку и оние кои што се во приватните средни училишта и на приватните факултети. Тие не се ништо помалку ученици или студенти, значи мораат да имаат иста таква подеднаква привилегија како сите останати за да можат да ги користат.
Извор: Плусинфо