
Децa од Авганистaaн се кријат под kaмион во движење: Страдaaт во обид да прошверцувaa т нешто за да заработат за леб
Децaa од Авганистан се kријат под камион во движење: Страдаат во обид да прошверцуваат нешто за да заработат за леб
Потресни сцени од авганистански деца кои се кријат меѓу тркала од огромни камиони станале вообичаена глетка на границата со Пакистан.
Во обид да прошверцуваат стока која можат да ја продадат во Пакистан, авганистански деца понекогаш и два пати дневно на овој страшен и опасен начин ја минуваат границата.
На видео-снимките може да се видат бројни деца како влегуваат под камиони кои се движат, носејќи ранци со барана стока, пренесува “BBC”.
“Опасно е, но подобро тоа отколку да умреме од глад. Мојот татко е болен, мора вака”, вели едно дете кое секојдневно го ризикува својот живот на овој начин и открива дека на овој начин може да заработи и до 7 долари.
Во товарот кој го носат најчесто има благо и цигари.
“Оние кои ни ја даваат робата ни кажуваат каде да ја испорачаме. Тоа во главно се сопственици на продавници во Пакистан и тие нам ни даваат пари за стоката”, објаснува тој.
Пакистан ги заострил контролите на границите откако талибанците ја преземале власта во Авганистан, така што на возрасните им е многу потешко да ја минат границата. Талибанците, од друга страна, ја гледаат опасноста во која децата секојдневно се наоѓаат, но не ги сопираат.
“Јас никогаш не сум бил повреден, но знам девојче кое загина. Седнала на моторот. Јас никогаш не седам на моторот. Таа беше тешко повредена. Ја оперираа, но не успеаја да ја спасат. Почина…”, вели ова дете.
Групата деца која прифатила да зборува за новинарите открила дека ризикот да бидат прегазени не е единствената опасност.