24sedum.net

24 седум вести портал

Доаѓа нова ваkцина – без игли, ќе се дистрибутира во форма на прав?

Новата вakкцина против Ковид, која може да се администрира без игли, моментално се тестира на универзитет во Обединетото Кралство.

Новата технологија се применува на специфичен начин – со помош на воздушен млаз, вакцината се „турка“ во кожата, а овој метод би можел да биде алтернатива за сите кои се плашат од игли, објави Универзитетот во Саутемптон.

Новата вакцина против коронавирус користи технологија DIOSvax на Универзитетот во Кембриџ и може да се произведува и дистрибуира во форма на прав.

Доколку тестот се покаже успешен, технологијата ќе ги зголеми глобалните напори за масовна вакцинација, пишува Еуроњуз.