
ДОБИВ ПAНИЧНА ПОРАKA – со децата сум на аеродром, ако се вратиме дома ние ќе завршиме со животот
Добив една панична порака утринава во 05.32 часот. „Уште сум на аеродром со моите деца, но не не пуштаат внатре, само на дипломати им е дозволено да се качат на авион. Но, ако се вратам дома талибанците ќе не убијат“. Оваа порака е напишана од еден Аганистанец кој работел за Владата на висока позиција. Тој има британска виза, но американскте војници тоа не му го дозволуваат.
Информацијата денес ја објави Пол Роцхајмер во германски „Билд“.
Денес се огласи и канцеларката Ангела Меркел, на седница на претседателството на својата Христијанско-демократска унија (ЦДУ), укажа дека ситуацијата на аеродромот во Кабул покажува дека обезбедувањето е можно само со американските трупи.
Канцеларката истакна дека одлуката за повлекување од Авганистан е донесена од Вашингтон. Додаде дека одлуката била донесена и од внатрешнополитички причини.
– Дојде до домино ефект по повлекувањето на силите“, заклучи Меркел во првата изјава поврзана со Авганистан.
Таа се осврна и на можниот бран бегалци од Авганистан, додавајќи дека сега од талибанците и ситуацијата на границите зависи дали Авганистанците ќе можат да ја напуштат својата земја.
– Очекуваме тешки времиња, рече Меркел.
Пораката е дека се оечкува талибанците да вршат масовни егзекуции.