24sedum.net

24 седум вести портал

„Фајненшл тајмс со позитивна вест“: Новиот бугарски премиер дава сигнали дека Софија ќе стави kрај на опструкциите за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ

„Фајненшл тајмс“ објави дека новиот бугарски премиер Кирил Петков дава сигнали дека Софија ќе стави крај на опструкциите за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ, ​​откако неговата влада ќе стапи на должност..

Владата на Петков денеска ја одржува првата седница , а Петков рече дека позицијата на Бугарија кон Македонија останува базирана на Договорот од 2017 и најави дека истата ќе ја надргади со формирање на нови работни групи, кои ќе се состануваат секој месец.

Првиот чекор е да се активира работата на билатералните комисии предвидени со Договорот, потоа планирано е формирање деловни комисии. Уште еден чекор е засилена соработка во областа на транспортот, меѓу кои се директното воздушно поврзување Софија-Скопје, изградба на Коридорот 8, финансиската поддршка за железничкото поврзување.

Предвидено е интензивирање на соработката во областа на науката и културата. Исто така ќе продолжи работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања.