24sedum.net

24 седум вести портал

Филипче со нови мерkи: Воведуваме задолжителна вакцинација за сите кои земаат плата од државата

Сите вработени во jaaвниот сектор во локалната самоуправа, за да се појават на работа ќе треба да приложат потврда за најмалку една примена вакцина против Ковид-19, негативен ПСР тест, не постар од 72 часа, направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид, не постар од 45 дена, се предлог мерките коишто Комисијата за превенција од заразни болести консензуално го донела на денешната средба.

Како што кажа Филипче од мерkите се изземени случаите на ретки имyнолошkи состојби.

„Тоа се ретки имунолошки состојби за што ние ќе излеземе со соодветна листа на болести“, рече Филипче.

Препораката од министерството е кон мерките да се приклучат и приватните компании.

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се донесе одлука за препорака на нови мерки со цел заштита на граѓаните од Ковид 19

Сите вработени во јавниот сектор и локалната самоуправа, за одење на работа да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или да приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат.

За ретките имунолошки состојби дополнително ќе се објави соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат.

Вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.

Ажурурање на процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, користејќи ги електорнските алатки на европските сертификати преку апликација којашто го прикажува вистинскиот QR код и ја контролира неговата валидност.

Мерките денеска предложени треба да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сѐ уште невакцинирани.

Препорака е кон овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.