24sedum.net

24 седум вести портал

Фото: Ердоган крева ѕид за да спречи голем бран на бегалци од Авганистан

Турција започна да гради огромен ѕид на границата со Иран за да го спречи приливот на авганистански бегалци кои бегаат од талибанскиот режим, пренесуваат светските агенции.

Според најновиот извештај на Би -Би -Си, турските власти издале наредба за изградба на ѕид на границата со Иран со цел да се спречи голем бран бегалци, но и евентуална инвазија на инфилтрирани Талибанци меѓу нив.

Засега, според извештаите на агенциите, пет километри од границата се веќе во фаза на работа и со тешка механизација а граничниот појас на кој се гради тој ѕид е долг 295 километри.

Откако меѓународните трупи предводени од САД се повлекоа од Авганистан, Талибанците ја окупираа целата земја за помалку од еден месец, а последниот што падна беше главниот град Кабул, од каде пристигнаа драматични слики на луѓе кои умираат обидувајќи се да побегнат од земјата.

Според агенциите, десетици илјади луѓе очајно бараат начин да ја напуштат земјата.

Претпоставката е дека реките бегалци ќе течат кон Иран, а потоа и кон Турција.