24sedum.net

24 седум вести портал

ГИ ОБJAВИ ПОСЛЕДНИТЕ ПОPAKИ РАЗMЕНЕТИ СО КИKA Бака Пpасе низ солзи откри: Ми прости сè

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, на својот канал на Јутјуб објави видео во кое, низ солзи, ја открива содржината на пораките разменети со покојната јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ. Младата девојка со го одзела животот со предозирajќи се со антотепpесиви и еksтази по долгата борба што не можела да ја издржи.

Кога јавноста дозна за смртта на 21-годината девојка, многумина го обвинија Илиќ за тоа.

Тој беше и приведен по барање на Специјалното обвинителство за борба против ВТК, Вишото јавно обвинителство.

Имено, Бака Прасе е приведен врз основа на барање да се соберат потребните информации, односно разговори во врска со медиумските написи во кои се наведува дека една од причините за самоубиството на Кристина Ѓукиќ ака Кика (јутјуб-инфлуенсер) е тоа што Бака Прасе наводно ја прогонувал последните две години преку социјалните мрежи и ги поттикнувал и своите следбеници на истото злосторство.

Постои сомнеж дека Кристина Кика Ѓукиќ, јутјуберка која беше пронајдена мртва во стан во центарот на Белград, била жртва на сајбер-прогонтво од непознато лице, кое ги објавувало нејзините лични податоци на Интернет и ја демнело.

Сега Богдан ја објави преписката, во која се гледа дека бил во коректни односи со Кика, а на еден од скриншотите има и видео на кое се гледа дека Ѓукиќ била на инфузија и му вели дека не ѝ се живее и да не ја осудува поради тоа.

Кажете ми само, дали ова изгледа на разговор меѓу двајца што се мразат или за нормална комуникација на двајца луѓе? Дали ова личи на некој што сака да му наштети некому? – заплака Богдан за време на своето видеообраќање, и додаде:

И се видовме. Не сакав да објавам дека се смиривме бидејќи сакав да го објавам тоа видео за да се дознае дека сè е супер меѓу нас“, додаде тој.