
Го нарекуваат есенски лек: Најздравото овошје во светот
Дуњата, плодот на есента, е вистинска витаминска бомба. Освен самото овошје, лековити се и лисјата и семките.
Покрај минималната количина на калории и маснотии, таа е богата со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна и содржи многу танински материи и пектин.
Поради своите лековити својства, дуњата е позната уште од античките времиња во митологијата и фолклорот како симбол на љубов, среќа, плодност, интелигенција, убавина, истрајност, непостојаност.
Облоги од дуња (плод, кора, лист…) се користат за лекување на отворени рани, изгореници, испукана кожа или брадавици.
Состојките од дуња се користат и во козметиката.
Благодарение на танинот и слузот, има корисен ефект врз работата на цревата и спречува заразни болести.
- Сок од дуња варен со иста количина шеќер лечи кашлица, астма и акутна дијареа.
- Печена или варена дуња се препорачува за воспаление на гастричната и цревната слузница, но и за лекување на анемија.
- Чајот од цвет од дуња помага да се смири кашлицата, а чајот од семиња има смирувачки ефект, ја елиминира несоницата, како и лошиот здив.
Ширум светот дуњата сѐ повеќе се користи во исхраната. Во нашиот регион, порано се одгледуваше и многу се користеше, а во последниве години е неправедно запоставена.
Затоа, ве советуваме да додадете дуња во вашето мени како овошје, десерт или почесто да користите производи од дуња, особено како додаток во исхраната за деца.