24sedum.net

24 седум вести портал

Горди сме што сме хармоникаши – Директорот на РЕК Прце Матевски вели дека не се срами од тоа што го работел

Пеце Матевски е прв човек на РЕК Битола, кој досега беше директор на термоелектрани, е веста што утрово дојде од ЕСМ, која најавува и други смени на директори. Но, само неколку часа подоцна почнаа навредите – Пеце е хармоникаш, пишува ММС

Ова е нешто слично што на времето му се случуваше на Јове Кекеновски, кој кога реши да почне да се занимава со политика, исто така беше нарекуван – хармоникаш.

Без намера некого да браниме или да ги пребројуваме партиските вработувања со несоодветни кадри и на оваа и на претходната власт, преку искуствата на Матевски и Кекеновски се обидовме да одговориме на прашањето- зошто на некој музички талентиран човек би требало да му биде срам што знае да свири на некој инструмент? Односно зошто треба да се срами затоа што знае да свири хармоника, а притоа има завршено високо образование и воопшто не заостанува зад оние што ги викаме експерти, а сите сме свесни дека некои од нив и не го заслужуваат тој епитет.

РЕКЛАМА

ММС стапи во контакт со Матевски, кој ни рече дека воопшто не се срами што бил музичар и што бил комерцијалист во друга фирма, бидејќи и во двата случаи лебот чесно си го заработувал.

-Да, свирев хармоника во повеќе групи, во „Ивент“, „Чардак“, па „Соната“ и многу други. Но, и дипломирав на машинскиот факултет во Битола во 2002 година, отсек индустриски менаџмент. По дипломирањето не можев, како и многу други млади, да се вработам, бидејќи моравме да чекаме некој да си ги описмени своите кадри, да завршат тие факултет и да ги вработат.

А што требаше јас да правам? Да не свирам? Да не работам ништо? Па, мене ми е гордост што бев комерцијалист во таа фирма.

Јас на оваа функција не дојдов со осмо одделение или средно школо, ниту, пак, со купена диплома.

Целиот текст на ММС – прочитајте ОВДЕ