24sedum.net

24 седум вести портал

Гостите лабави си вечераат на СВАДБА, а зад нив ГОРИ ШАТОРОТ (Видео)

Видеото од гости на неодамна одржана венчавка во индискиот град Мумбаи кои си јадат додека околу нив гори шаторот, стана вистински хит. Во него се гледаат двајца мажи кои уживаат во оброкот додека пламенот зафатил дел од шаторот зад нив.

Човекот облечен во бела кошула изгледа е во дилема – да се фокусира на огнот или на храната пред себе? Храната победи и додека уживаше во оброкот, одвреме-навреме се вртеше за да види до каде е опасноста.

Видеото е објавено на 29 ноември и оттогаш го виделе повеќе од 36.000 луѓе.

И додека едни се воодушевени, други се шокирани што на гостите не им било многу грижа за пожарот.

„Сигурно било вкусно“, „Ги знаат приоритетите“, се само дел од коментарите.

Пожарот избувнал во салата за венчавки, а иако засега не е позната причината, надлежните се сомневаат дека бил предизвикан од петарди. За среќа, повредени нема.

Погледнете го ВИДЕОТО: