24sedum.net

24 седум вести портал

Изречена казна од 88.000 евра за фрлање отпад во Скопје

Инспекторатот за животна средина на Град Скопје во рамки на новите заложби на Град Скопје за зголемена контрола и инспекциски надзори со цел заштита на животната околина и здравјето на граѓаните, во процесот на засилени контроли за фрлање на отпад во Вардариште издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88 илјади евра, соопштија денеска од Град Скопје.

Според извештајот на Инспекторатот на Град Скопје, затекнатите лица нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад.

– Мора да има системски решенија и секој мора да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно.

Град Скопје нема да толерира ниту едно физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа влијае на загадување на воздухот, почвата и водите, и свесно го загрозува здравјето и животот на скопјани, а секое прекршување ќе биде соодветно санкционирано, истакнуваат од Град Скопје.

извор; fokus.mk