
Кастриот Реџепи кажа кое време денеска ќе се појави пред медиумите
Пратеникот Кастриот Реџепи денеска во 11:30 часот ќе даде изјава во Собранието, соопшти секторот за односи со јавноста на Собранието на Македонија.
Пратеникот Реџепи, денеска ќе ја одржи пресконференцијата во врска со „исчезнувањето“ на денот кога требаше да се гласа за (не)доверба на Владата.
Се очекува тој да го каже својот моментален став за актуелната политичка состојба во земјава, а веќе е исклучен од Движењето Беса, партијата во која беше пратеник.