24sedum.net

24 седум вести портал

КАЗНАТА ОД 100 ЕВРА ГИ ИСПЛАШИ ГРЦИТЕ Дневно се вакцинираат по 17.500 лица постари од 60 години

Редици луѓе со часови чекаат термин за да се вакцинираат откако грчката влада вчера најави задолжителна вакцинација за луѓето над 60 години, а се закани и со казни од по 100 евра за невакцинираните.

Како што објавуваат грчките медиуми, во претходните 24 часа се вакцинирале дури 17.500 лица постари од 60 години, а тоа значи дека бројката е золемена за дури седум пати. Претходно, во Грција дневно се вакцинирале близу 2.600 лица.

Според владината уредба од вторникот, сите луѓе родени пред 31 декември 1961 година треба да примат најмалку една доза вакцина до 16 јануари 2022 година, оти во спротивно ќе мора да платат казна.