
Кој народ е најинтелигентен, а кој најглупав на светот? Погледнете Македонија на кое место се најде
Погледнете како изгледа мапата на најпаметните, но и на најглупавите народи во светот, а дознајте и на кое место се најде Македонија според просечниот коефициент на интелигенција на народот кој живее во неа.
Често, на шега знаеме да кажеме дека на глупавиот човек му е полесно поради тоа што не знае дека е глупав.
Од друга страна пак, сакаме и да се пофалиме колку сме паметни и доколку малку подобро размислите, ќе сфатите дека никој и никогаш во животот не ви се пожалил дека е глупав.
Според студијата која во 2019 година ја спровеле истражувачите Ричард Лин и Дејвид Бекер, највисокото ниво на IQ во светот го имаат Јапонците, со просек од 106,49.
На листата топ 10 држави во кои живее народ со највисок коефициент на интелигенција следат:
Тајван – 106,47; Сингапур – 105,89; Хонгконг – 105,37; Кина – 104,10 ; Јужна Кореја – 102, 35; Белорусија – 101,60; Финска – 101,20; Лихтенштајн – 101,07; Холандија и Германија – 100,74.
Просечното IQ според податоците на оваа студија е 98,16 што нас нè сместува во потпросечно паметни луѓе.
Maкедонија се најде на 108-то место со просечен коефициент на интелигенција 81,91.
Кога станува збор за земјите од регионот, редоследот е следен:
Хрватска – 95,75; Бугарија – 90,99; Србија – 89,6; Босна и Херцеговина – 88,54; Црна Гора5,78; Албанија – 81,75
Според интерактивната мапа направена врз основа на податоци од оваа студија, најнизок коефициент на интелигенција забележан е на континентот Африка кој е обележан со виолетова боја.
Целосната листа на држави погледнете ја ТУКА.