24sedum.net

24 седум вести портал

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА ВО ЗЕМJAВА НЕ СЕ ЗАРАБОТУВА ДОБРО? Скопјанка лани остварила бруто доход од 7,53 милиони евра

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА ВО ЗЕМЈАВА НЕ СЕ ЗАРАБОТУВА ДОБРО? Скопјанка лани остварила бруто доход од 7,53 милиони евра

Највисоката бруто плата, пак, имал стружанец кој работи во индустријата со метали. Износот на платата е 105,2 милиони денари (околу1,7 милиони евра).

Скопјанка го има најголемиот бруто доход за 2020 година. Таа лани остварила доход од нешто над 453.1 милион денари (7,53 милиони евра) во текот на целата година, информира денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Споредбените податоци со претходната година покажуваат дека таа оствареила двојно поголем дохор од највисокиот пријавен во 2019 година.

Највисоката бруто плата, пак, имал стружанец кој работи во индустријата со метали. Износот на платата е 105,2 милиони денари (околу 1,7 милиони евра).

Лукаревска соопшти дека доход над 1 милион денари во 2020 година имале 40.021 граѓани. Најмладиот милионер во земјава за лани има седум години, додека најстариот е 96-годишно лице.

Најголемата добивка од обложување, лото, казино и учество во наградни игри, остварил жител на Тетово, кој имал освоил 40 милиони денари (близу 650.000 евра).