
Колку време е потребно за да се исчисти организмот од алкохол после пијанство?
Ситуацијата ни е позната на сите: Сте останале до доцните вечерни часови и сте во добро друштво, имате испиено и доста алкохол. Многу возачи го занемаруваат ризикот од останување на алкохол во крвта.
Тие сметаат дека после пијанство доволен е само добар сон и наутро ќе бидат подготвени за управување со моторни возила. Меѓутоа, тоа не е така.
Истражувањето кое го извршил германски автомобилски клуб „ADAC“, покажува дека оној кој се дружи со алкохолот до полноќ и на спиење оди со 1.5 промили алкохол во крвта, наутро не е подготвен за возење.
Во зависност од поединецот, телото деградира околу 0.1 промили алкохол во крвта по час. Во 9 часот наутро вредноста на алкохолот во крвта и понатаму ќе биде околу 0.6 промили.
Да се утврди вистинското ниво на алкохол во крвта во даден момент не е толку едноставно поради бројни фактори. Овие факти, вклучуваат на пример консумирање на храна додека внесувате алкохол и индивидуалната физичка состојба.
Сепак, не постои нешто што може да го забрза елиминирањето на алкохолот од крвта, дури ни кафе, потење или спиење не помага за брзо трезнење.
Затоа најдобар совет е да не седнувате зад воланот 12 часа после интензивно консумирање на алкохол.