
Костадинов: Македонија е агресивна, не е како Бугарија
Лидерот на антиевропската и популистичка партија „Преродба“, која изненадувачки влезе во 47. Народно собрание на Бугарија, Костадин Костадинов, коментираше за БНР на темата за патот на Северна Македонија кон Европската унија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Костадинов е дециден дека Бугарија нема начин да се откаже од историските спорови и дека не треба да се прават отстапки.
-Македонија е агресивна, не е како Бугарија и си ги следи своите интереси, коментира Костадинов Во моментот кога ќе почнат преговорите, можеме да очекуваме дека глупостите во учебниците во Северна Македонија ќе почнат да се гледаат во официјалните европски документи. Костадинов додаде дека македонскиот јазик е бугарски дијалект. Но, ако влезе во ЕУ, ќе добие официјален меѓународен легитимитет. Современите неолиберали го гледаат членството на ПЦМ во ЕУ како анексија, како што ја припоија Црна Гора кон НАТО, со цел да изградат санитарен кордон во центарот на Балканскиот полуостров за да ги спречат обидите на Русија за можна преродба овде. Македонија е голема алка во големата геополитичка игра меѓу САД и Русија, изјави Костадинов.
Костадинов кажа дека доколку Радев не побара поддршка за вториот круг од претседателските избори во Бугарија, „Преродба“ нема да поддржи ниту еден од двајцата кандидати за претседател на Бугарија во вториот круг в недела.
Партијата на Костадинов на парламентарните избори во неделата освои 4,88 отсто од гласовите на избирачите и стана парламентарна партија во 47. Народно собрание на Бугарија