
Латас искрено и отворено: На 55 години разбрав дека се почнува и завршува со љубовта, а најважна ми е лојалноста
Се почнува и се завршува со љубов. Ако имаш љубов, се се поднесува. Цела борба е за тоа. Јас на 55 години тоа го разбрав. Исто како што разбрав дека весниците лажат.
На прашањето дали има хоби, тој вели дека има куче и тоа му е хоби.
Сакам да слушам музика. Имам над 1000. книги, од кои барем пола сум ги прочитал. Имам две напишано, а една ја пишував „Академија“ која нема да излезе никад. Што е најстрашно тоа што си го пишувал на 22, 34 години јас го правам на 30, 40, 50. На крај ќе заврши се. Ќе се вратиш на почеток во Кисела Вода. Како во вицот за рибарот. Седеле милионер и рибар. Му вика милионерот на рибарот – што правиш? Еве уживам, сакам да ловам риба, тоа ме смирува. Ти што правиш? Јас го покушавам истото. А што работиш?
– Па јас сум милионер, имам банка, имам ова она. Тоа го правам за да имам пари друг да работи а јас да дојдам да пецам риби со тебе. На крај секој се претвора во својата спротивност. Секој се враќа на корените.
Зошто носел вакви кравати на емисија, тој вели: Јас не сакав да водам политички дебати, јас сакав да водам ноќна програма. Јас почнав да водам политичка емисија кога дојдов од Театар. Викам ќе ставам бела кошула, нема да ставам сакоа, ќе си мењам кравати. Ти треба четири, пет кошули, купив 100, 150 машни, а на крај сепак се вртат само 20 од нив, вели Латас.
Што највеќе сака кај луѓето што му се блиски, или што највеќе цени кај луѓето тој вели: Јас се дружам со малку луѓе. Пријателски да, но другарски со малку, 10 луѓе. Јас имам еден бербер 20 години, идам у 2 -3 кафани 20 години. Најважно е да си лојален кон концептот кој се развива.