
Лaзаров се отkaжа од своето шoy: Упати критиka до сите јавни личности (Видео)
Знам дека ме поддржувате од самиот почеток, но сметам дека го изгубив патот кој што го започнав од самиот старт. Некако во последниве месеци го изгубив патот кој што го започнав од самиот старт, па бев повеќе насочен кон правење пари, наместо правење креативна содржина која ќе ве забавува.
Се изгуби овој јутјуб свет, но сум свесен кој сум, што сум, и знам кога треба да ставам крај. Не завршувам со снимање на видеа, но донесов одлука да ви соопштам одлука.
Завршувам со емисијата Лазаров шоу. Разбрав дека не сум јас за водител. Мислев дека тоа ме исполнува. Но се заситив и тоа ми стана трчање по пари. Тоа значи задоволување на апетите на луѓе. Сметам дека Лазаров шоу 2 сезона е катастрофален концепт, концепт кој што е досаден.
Што соопшти јутјуберот во продолжение
Смета дека македонските јавни личности немаат храброст. Еднаш засекогаш ќе кажам, не можете да успеете ако седите во вашата комфор зона. Цената на успехот е кога ќе се појавите пред екраните и ќе правите шоу.