24sedum.net

24 седум вести портал

Катица Јанева е библиотекарка во „Идризово“, користела слободни викенди

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во затворот „Идризово“ работи како библиотекарка.

Како што пишува „Макфакс“, таа и оваа година користела продолжен празничен викенд. Директорот на затворот, Зоран Јовановски, информираше дека Јанева уредно се вратила во затворот и ги извршува редовните затворски обврски.

Не знам точно кога излезе, но постапи според она што ѝ беше дозволено и се врати во затворот. Од утрово веќе ги извршува тековните затворски обврски. Работи во библиотеката, библиотекарка е.

Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него. Го добива она што ѝ следува во согласност со издржаниот дел од казната, изјавил Јовановски.

Јанева е осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување.

Таа беше уапсена на 21 август 2019 година. Јовановски вели дека казната ѝ истекува на 21 август 2026 година, но не е исклучена можноста да биде помилувана порано.