24sedum.net

24 седум вести портал

Маkeдонски гледач искрен до сpж на телевизиjа: Ако треба македонскиот пасош ќе го фрлам, не се каам што сум земал бугарски пасош

Во емисијата на Огнен Јанески се јави гледач кој доста емотивно зборуваше на темата „бугарски пасош“.

Имено, гледачот вели дека благодарение на бугарскиот, а не на македонскиот пасош успеал да заработува пари во животот и во таа прилика упати порака до политичарите кои ја водат нашата држава

-Здраво Огнен, ве поздравувам и сакам да се надоврзам на некои луѓе кои не им е јасна работата. Сите што земале бугарски пасоши не зеле од убавина и ако зеле не се каат. Еве и јас имам бугарско државјанство и не се каам што сум го зел.

Ако треба да се откажам од македонското и ќе се откажам, затоа што од Македонија немам ништо, ниту стаж ниту плата. Пред 10 години ме испадија од државата да одам „горе“ да печалм за да си остварам свои работи. Тие биле фасишти и секакви биле, а 2001 не ја споменуваат оние кои сега ја водат државата.

Нели е срамота? Се јавуваат полицајци и ред други, толку несовесен народ, сите се патриоти. Ние мораме да ја напуштиме државата и да бегаме во други држави. Воопшто не се каам што сум земал бугарски пасош, тоа да им биде јасно на сите, ако треба македонскиот пасош ќе го фрлам, иако се имам борено за оваа држава, завршува гледачот.