24sedum.net

24 седум вести портал

Македонски kaмион се преврте во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се преврте на 130 километри од јужната страна на автопатот А3 Брегана-Липовац, објави хрватски 24 сата.

Несреќата се случила денеска попладне околу 17 часот, кога возило со македонски регистерски таблички се превртело, при што неколку возила што ги превезувал камионот испаднале.

Како што информира хрватскиот медиум, повреден е возачот на камионот.