
Ја би да имам „бугарски пасош“ за да си работам во Европа, но јас не сум „татар“
Дали ние македонците сме лицемери? СМЕ! Убаво кажа вчера човекот. Само во источна Македонија постојат илјадници граѓани кои самоволно не само што платиле околу 500 евра за бугарски пасош, си организирале превоз, заминале во Софија за да се декларираат самоволно како бугарски државјани, на прашањето како се чувствувате, кое е често поставувано одговориле „бугарин“.
Многу од нив зборуваат отворено на темата „бугарски пасош“ и признаваат дека не се срамат од него, дека благодарение на него им се отвориле портите на европските држави и фирми. Е сеа дел од нив велат „да јас имам бугарски пасош“, ама тоа е така бидејќи морам, а не поради тоа што сакам. Дел од нив се дежурни критичари на Бугарија, бугарските граѓани ги нарекуваат „татари“, а самите тие поседуваат бугарско државјанство. Логика нема нели?
Да не зборуваме на темата дека Бугарија дава можност на илјадници студенти да студираат бесплатно во Бугарија, но и да земаат задолжително стипендија од институциите на Бугарија. Да не зборуваме на темата дека први не признаа како независна и самостојна Република Македонија, да не зборуваме на темата дека во 2001 година беа едни од ретките држави кои директно помогнаа на Македонија. Да не зборуваме на темата „поплави“ и „пожари“ во Македонија кога несебично се вклучија со директна помош на волонтери, пожарникари, и институционална помош од Бугарија.
И сега пазете – велат само Србија ни е пријател, само Србија не признава, Бугарија и Грција ни се непријатели. Па Србија не ни ја признава МПЦ. И сега што правиме? Или тоа е помалку болен процес?
Фејсбук статус на Катерина П.