
Миа Костова сликовито покажа како ни изгледа јавната администрација
Македонската ТВ водителка и мошне активна инфлуенсерка Миа Костова, продолжи на себе својствен начин да ја отсликува реалноста. Нештата што ни се случуваат пред очи, кои секојдневно ги гледаме, забележуваме, коментираме, негодуваме, ама никако да ги поправиме.
Покрај споделените постови и речиси секојдневните коментари на негативните појави во општеството на социјалните мрежи, односно општествените будалаштини, Миа однеодамна најде нова форма истите да ни ги предочи сликовито. Со хумористични видеа во сопствена режија, во кои ги исмева (не)работата, полтронството, митото, корупција, негрижата, неспособноста, неодговорноста, непотизмот, индолентноста…
Погледнете како изгледа кога ќе се најдете во ситуација за Ваши пари да мора „да и се молите“ на јавната админстрација. Миа Костова слатко ќе ве насмее, но и длабоко ќе ве замисли… Затоа секој од Вас убаво нека размисли, „пред чиј шалтер ќе застане“. Погледнете:
извор: vistina.mk